За нас

Јавното претпријатие (ЈП) Градски превоз Кавадарци со официјална работа во својата дејност започна во месец јануари 2023 година.

 Основна дејност на ова претпријатие е:

 – градски превоз на патници 

 – приградски превоз на патници 

 – превоз на ученици на кои им следува превоз во сите средни и основни училишта

 – превоз на лица од ранливи категории и пензионери

 Во рамките на градскиот превоз на патници е воспоставена една градска линија со 20 сообраќања во текот на денот вклучувајќи   ги и сабота и недела: Ваташа – Кавадарци- Сопот. 

Во рамките на приградскот превоз на патници има воспоставено шест приградски линии и тоа:

 1. Kавадарци – Ресава – Бегниште

 2. Кавадарци – Шивец – Возарци – Дреново

 3. Кавадарци – Росоман – Сирково – Трстеник – Манастирец

 4. Кавадарци – Страгово – Крњево – Чемерко – Бохула – Долна и Горна Бошава 

 5. Кавадарци – Раец 

 6. Кавадарци – Дабниште

Ова јавно претпријатие располага со возен парк од вкупно 14 возила и еден туристички воз, од кои: 

5 нови автобуси и едно комбе за 7 патници набавени во 2023 година со вкупна вредност од 52.800.000 денари

Едно комбе со капацитет од 19 патници набавено во 2024 година, со вкупен износ од 3.000.000 денари

Едно комбе со капацитет од 19 седишта и 1 автобус со капацитет од 50 седишта се обезбедени од донации со вкупна вредност на возилата од 4,5 милиони денари и другите возила се предадени од општината на трајно користење, еден автобус со капацитет од 33 патници, комбе со капацитет од 17 патници и две комбиња со капацитет од 8 патници. 

Автобусите се опремени со најсовремен систем за електронска евиденција и наплата. Воведени се електронски картички за наплата во самите возила, но исто така е овозможено и купување на единечен билет со платежна картичка во самиот автобус. Во 2023 година е воведена и мобилна апликација за следење на возни редови и сите информации поврзани со Градски превоз. 

Учениците на кои им следува превоз им се обезбедени електронски картички за евиденција за превоз со Име и Презиме за секој ученик. Во сите возила има видео надзор за поголема безбедност на патниците и внатрешна контрола, како и, бесплатен интернет WI-FI за патниците додека се возат да можат да го користат.

Вкупниот број на автобуски постојки е 38. 

Од летната сезона 2023 прв пат во нашиот град започна атракцијата за најмладите односно почна со работа туристичкиот воз Гроздоберко кој сообраќа на локација по пешачко рекреативната патека во месноста Моклиште. 

ЈП Градски превоз на патници води посебна грижа за лицата од ранливи категории со тоа што бесплатно им ги нуди своите услуги согласно нивните потреби. Исто така се грижи и за пензионерите со тоа што им овозможува бесплатен градски и приградски превоз секој вторник, четврток ,сабота и недела .


 

 
 

АДРЕСА

7 МИ СЕПТЕМВРИ БРОЈ 1 1430 КАВАДАРЦИ

ТЕЛЕФОН:

+ 389 43 400 417

Email:

info@gpk.mk

социјални медиуми